Ристовски: Со победа да најавиме дека ни претстои светла иднина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот на Спортинг Лисабон и редовен член на репрезентацијата на Македонија, Стефан Ристовски пред последниот натпревар од квалификациите за СП против Лихтенштајн изјави дека не го потценуваат противникот и дека очекува со победа да го завршиме циклусот.

„Подготвени сме да покажеме дека сме фаворити. Не треба да ги потцениме, тие играат за својата држава, исто како и нас. Подготвени сме да го покажеме својот квалитет и да покажеме дека бодовите покажуваат едно, а играта друго. Сакаме да победиме и да покажеме дека ни следи светла фудбалска иднина“ изјави Ристовски.

Натпреварот е со почеток во 20:45 минути а ќе се игра на стадионот „Младост“ во Струмица.