Фантастичен кам-бек, гол на Адеми во првиот настап по две години (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аријан Адеми доби шанса за настап против Лихтенштај по две години пауза откако беше обвинет дека користел недозволиви супстанци пред натпреварот со Арсенал во Лигата на Шампионите.

Нашиот репрезентативец го имаше своето враќање на зелените терени по двеогдишната голгота низ спортските судови и веднаш покажа дека ќе биде од големо значење за Игор Ангеловски и репрезентацијата на Македонија.

Членот на Динамо Загреб во игра влезе во 63. минута на местото на Горан Пандев и по само пет минути игра се запиша во листата на стрелците.

Репрезентацијата на Македонија, очекувано славеше убедлива победа во Струмица против Лихтенштајн со 4:0, а покрај Адеми стрелци на головите за нашата репрезентација беа Муслиу, Трајковски и Барди.