За вакви навивачи вреди да се бориш до последната капка пот (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За прв пат во својата историја репрезентацијата на Исланд избори пласман на едно светско првенство.

Репрезентативците од малата островска земја завршија први во својата група пред фаворизираната Хрватска која пласманот во Русија ќе мора да го завери преку бараж средбите.

Исланѓаните пласманот во Русија го потврдија со победата на домашен терен против репрезентацијата на Косово (2:0).

На минатогодишното Европско првенство во Франција, Исланд беше вистински хит и репрезентација која ја исфрли Англија во осминафиналето. Посебно импресивен беше односот на играчите со своите навивачи. По секоја победа, пораз или реми, репрезентативците на Исланд ќе застанеа пред трибината на навивачите и со викиншкиот замав правеа прекрасна атмосфера.

Таквите сцени го обиколија светот, а нешто такво се случи и синоќа кога сите заедно го прославуваа пласманот на Мундијалот.