Добри вести за Мурињо стигнуваат од Белгија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од Белгија денес стигна најважната вест за Мурињо, но и за навивачите на Манчестер Јунајтед- Ромелу Лукаку не е сериозно повреден и ќе може да конкурира за настап против Ливерпул во сабота.

Но она што го плаши Мурињо е фактот што Роберто Мартинез не попушта и ќе го стави напаѓачот на „Ѓаволите“ во првиот тим на натпреварот со Кипар иако истиот нема резултатско значење затоа што Белгија веќе обезбеди пласман на Светското првенство.

Како што пишуваат медиумите Жозе Мурињо дури и преку смс пораки се обраќал до селекторот на белгиската репрезентација се со цел да го изостави Лукаку од последниот квалификациски натпревар.

Инаку, Маруан Фелаини ќе отсуствува подолг период по повредата која ја заработи играјќи за репрезентацијата на Белгија.