Реакција на Тракаи по повод одлуката на ФИФА околу Максимов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Тракаи веднаш излегоа со реакција по повод одлуката на ФИФА да му додели зелено светло на новиот фудбалер на Вардар, Максим Максимов да настапува за клубот.

Реакцијата на литванскиот клуб ви ја пренесуваме во целост:

„На Максим Максимов му беше дозволена привремена регистрација од ФИФА, но, како што велат адвокатите на Тракаи, оваа постапка е нормална. Исто како во обичните спорови, се додека не се докаже вината секој е невин. Се уште ситуацијата не е променета, Максим Максимов останува фудбалер на Тракаи затоа што трансферот не е финализиран.

Адвокатите веќе не предупредија дека ќе има објави во медиумите за победата на Максимов со наслови како „Максимов победи“, „Максимов ќе има шанса за настап“ и слично. Очекувано беше Вардар да ги објави овие вести иако тие не се вистинити.

ФИФА донесе одлука за привремена регистрација на клубот. ФИФА никогаш нема да го ограничи трансферот на еден играч, и во случај на спор околу важноста или повредата на договорот. Прашањето дали играчот правилно го прекинал својот договор со еден клуб вообичаено се решава одвоено и многу подоцна отколку привремената регистрација.

И покрај привремената регистрација, тоа не значи дека играчот и неговиот клуб се заштитени од последиците бидејќи ова прашање се третира одделно. Тоа ќе биде случај и во овој спор- ФИФА ќе даде конечна одлука подоцна“ –стои во реакцијата на литванскиот клуб пренесена на нивната официјална страна, а изјавена од претседателот на Тракаи, Вирнантас Лемезис.

Според Литванците, Максимов има договор со Тракаи до 2019 година.