„Ден Д“ за Аргентина, ќе гледа ли Меси Мундијалот од дома?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вечерва на програмата е последното коло во Јужна Америка од квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи во Русија.

Во центарот на вниманието ќе биде репрезентацијата на Аргентина која во моментов не е ни на местото кое води во баражот, а вечерва гостува кај незгодниот Еквадор.

Аргентинците пропуштија голема шанса да обезбедат пласман на Мундијалот, и сега се шести на табелата во јужноамериканската група.

Сепак, и покрај тоа, се уште постои надеж и се зависи од избраниците на Сампаоли. Аргентина мора да го победи Еквадор во гости за да обезбеди пласман во Русија.

Олеснителна околност за „Гаучосите“  е што во последното коло се среќаваат Парагвај и Перу, директни ривали на Аргентина за едно од местата кои водат на Мундијалот. Јасно е дека овие две репрезентации ќе изгубат бодови по денешните средби, па победа на Аргентина ќе и обезбеди сигурен пласман на четвртото или петтото место.