Тим Кејхил ги расипа соништата на Сирија за СП!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бајката наречена Сирија денеска заврши во Австралија.

Сирија не оди на СП, Австралија со победа од 2:1 денеска во вториот финален натпревар заминува во Русија наредната година.

Првиот дуел заврши со 1:1, а денеска сите сметаа дека Австралија лесно ќе ја победи Сирија.

Но шок пристигна уште во шестата минута кога Ал Сома ја доведе Сирија во водство, сепак многу брзо Тим Кејхил врати и изедначи.

На почетокот на вториот дел искускниот 37 годишен ветеран погоди за 2:1 и СП за Австралија.