Робен се прости од репрезентацијата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арјен Робен денеска се прости од репрезентативниот фудбал!

Беше најавено одамна дека тој наскоро ќе се пензионира, а со тоа што Холандија не успеа да се пласира на СП во Русија, оваа вечер Робен се прости од навивачите.

За пласман на Холандија и требаше победа од 7:0, но тие победија само со 2:0 и тоа значеше дека тие нема да патуваат за Русија наредното лето.

Робен за Холандија одигра 96 натпревари со 37 голови и 29 асистенции.

Тој секако ќе остане долго запаметен во репрезентацијата како еден од најдобрите фудбалери кои го носеле портокаловиот дрес.