Дали ова е вистинскиот дефанзивец за Арсенал?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поради големите проблеми со повреди, Арсенал до крајот на преодниот рок ќе се обиде да доведе нов дефанзивец.

На мета на “Топџиите” e Шкодран Мустафи, германскиот репрезентативец кој настапува за Валенсија. Арсенал навистина сака да го ангажира 24 годишниот фудбалер, тоа го потврди и Арсен Венгер.

“Ни се случија големи проблеми со повредите, Потребен ни е квалитет и искуство во одбраната и ќе мораме да доведеме некој нов играч. Мустафи секако дека е на нашата листа на желби”– изјави менаџерот на Арсенал.

Се претпоставуваа дека Арсенал за Мустафи на Валенсија би требало да и плати околу 20 милиони евра.