Реал жртвува тројца играчи за Кејн


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид се посериозно тргнува по услугите на Хари Кејн од редовите на Тотенхем.

Како што пишува „Диарио Гол“ од Реал Мадрид се подготвени да понудат играчи плус пари за да го обезбедат потписот на одличниот напаѓач.

Тотенхем за Кејн бара околу 200 милиони евра, а Реал Мадрид не планира да ја плати во кеш таа сума, туку да ја намали со вклучување неколку играчи.

Први на списокот се поранешните фудбалери на Спарс, Герет Бејл и Лука Модриќ, а се споменува и името на Карим Бензема.