Перуански репрезентативец откри што им зборувал Фалкао


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не се спушта прашината по натпреварот помеѓу Перу и Колумбија кој заврши без победник (1:1) и по кој и двете репрезентација изборија место на Светското првенство во Русија.

Медиумите веднаш го обвинија Радамел Фалкао дека им зборувал на домашните фудбалери на  Перу да не напаѓаат кон нивниот гол во последните моменти од натпреварот.

Ренато Тапиа, репрезентативецот на Перу објави што им кажал напаѓачот на Монако.

„Брате, заедно одиме понатака. Да бидеме среќни со овој резултат, ни одговара и вам и нам“- ги пренесе Тапиа зборовите на популарниот „Ел Тигре“.

Фалкао се правдаше дека не сакал да го намести натпреварот туку дека само ја пренел информацијата за резултатите на другите стадиони.

„Не се обидував да наместам ништо. Сепак, точно е, знаев што се случува на останатите натпревари и сакав само да го пренесам тоа“-коментираше Фалкао.