Теодосиќ одлично се снаоѓа во САД (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Искусниот српски кошаркар, Милош Теодосиќ нешто слично како нашиот Перо Антиќ својата „руки“ сезона во НБА Лигата ќе ја има на 30 години, со што ќе биде еден од највозрасните дебитанти во ова натпреварување.

Дека годините не претставуваат проблем за Србинот да се наметне на новиот начин на живот и новиот стил на игра во САД покажуваат претсезонските пријателски натпревари кои неговиот тим Лос Анџелес Клиперс ги одигрува со опонентите од НБА Лигата.

Капитенот на српската кошаркарска репрезентација полека почнува да ги освојува срцата на навивачите, а неговите потези веќе се вбројуваат меѓу најдобрите на натпреварите.

Синоќа, Клиперси беа поуспешни од Сакраменто Кингс, а Теодосиќ запиша шест асистенции. Две од овие негови додавања се најдоа во најдобрите пет потези на вечерта.