Мирољубиво реми на „Енфилд“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед одиграа реми без голови во дербито од осмото коло во Премиер Лигата.

Ливерпул од самиот почеток ја имаше иницијативата на теренот, а тимот на Мурињо свесно ја препушти топката на домашниот тим и чекаше шанса од противнапади.

„Црвените“ имаа повеќе од играта, имаа и повеќе шанси но немаа решение за одличниот Давид Де Геа кој беше одличен меѓу стативите на овој натпревар.

Јасно беше дека Жозе Мурињо на „Енфилд“ беше дојден по реми и сосема е јасно дека „Црвените Ѓаволи“ се позадоволни со исходот од денешниот натпревар.