Барселона изгоре во „пеколот“во „Јане Сандански“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Вардар славеше голема победа против европскиот гигант Барселона и покажа дека заслужено го носи епитетот најдобар тим на стариот континент.

„Црвено црните“ ја победија Барселона со 27:24 и со тоа останаа лидери во групата А со вкупно 9 бода, еден повеќе од Рајн Некар Левен и два повеќе од ПИК Сегед и Барселона.

Оваа победа е втора по ред за Вардар над каталонскиот тим во Лигата на шампионите откако лани избраниците на Раул Гонзалез славеа победа во полуфиналето во Келн.

Одличен на голот беше Арпад Штербик кој натпреварот го заврши со 15 одбрани, додека најефикасен беше Вуко Борозан кој постигна шест гола.