Голем скок на македонската репрезентација ФИФА ранг листата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Македонија забележа скок од 18 позиции на најновото рангирање на ФИФА.

Нашите репрезентативци по ремито со Италија во Торино, и победата против Лихтенштајн во Струмица собраа бодови доволни за 85. позиција на ФИФА ранг листата.

Ова претставува најдобар пласман на листата за нашата репрезентација по август 2014 година кога бевме на 76. позиција.

Добриот рејтинг ни донесе и ноистелско место во Лигата на Нациите преку која можеме да обезбедиме директен пласман на следното Европско првенство.