Мурињо: Погба не е среќен кога игра со него


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најскапиот играч на Манчестер Јунајтед, Пол Погба полека заздравува од повредата и наскоро се очекува да се врати на фудбалските терени.

Жозе Мурињо истакна дека Погба може да создаде историја зад неговото име, но и нагласи дека има еден играч со кој Французинот не сака да игра.

„Тој може да испише историја, има неверојатен талент. Во Манчестер Јунајтед имаме баланс на средината на теренот, а Погба го користи просторот многу подобро. Во репрезентацијата на Франција не е така, кога Погба ќе игра со Матуиди во ист тим, се гледа дека тој не е среќен“- истакна Мурињо.