Бешикташ ги моли своите навивачи да не одат во Монако!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во редовите на турскиот шампион Бешикташ ги молат навивачите да не патуваат во Монако.

Бешикташ вечерва гостува кај Монако во третото коло од ЛШ а најверојатно ќе биде без подршка на своите навивачи доколку некој група на навивачи не одлучи на своја глава да патува за Монако.

Клубот не сака навивачите на патуваат во Франција бидејќи имаат лошо искуство.

Во завршетокот на ЛЕ минатата година направија неверојатен неред во Лион поради кој тимот беше жестоко казнет.

Преку соопштение официјално испратено од турскиот клуб, се замолуваат навивачите да не патуваат за Монако вечерва со цел да се избегнат инциденти и казни.