Прва тренерска смена во Серија А


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По четвртиот пораз по ред, управата на Каљари веќе немаше трпение и се реши да го отпушти Масимо Растели.

Растели е првиот тренер во најсилната лига во Италија кој заработи отказ во новата сезона.

Од Каљари се заблагодарија на нивниот сега веќе поранешен тренер за досегашните резултати и успеси кои Растели ги имаше со клубот.

Масимо Одо и Бепе Јакини се можни наследници на Растели на клупата на клубот од Сардинија.