Бешикташ славеше во Монако, Лајпциг со победа на домашен терен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во третото коло Бешикташ ја запиша третата победа, овој пат против Монако.

Монако поведе со 1:0 со гол на Радамел Фалкао во 30тата минута иако дотогаш Бешикташ интензивно напаѓаше, сепак после 4 минути изедначија со погодокот на Тосун. Победата ја донесе повторно Тосун но во второто полувреме поточно во 54та минута.

Со двата погодоци на Тосун, Бешикташ ја запиша третата победа во ЛШ оваа сезона.

Ред Бул Лајпциг славеше со 3:2 уште во првото полувреме на својот стадион против Порто.

Се започна од Орбан во 8мата минута со гол за 1:0 за Лајпциг, израмни Абубакар 10 минути подоцна. Но Форсберг во 38мата и Огустин во 41 донесоа водство на Лајпциг со 3:1, водството го намали Маркано во 44тата и го донесе конечниот резултат од 3:2.