Ливерпул го растури Марибор, Спартак со неочекувана петарда за Севилја


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Екипата на Ливерпул сиот без од неможноста да го победи својот лут противник од Англија, Манчестер Јунајтед, го истури врз словенскиот претставник во Лигата на Шампионите, Марибор.

Избраниците на Клопу уште по првиот дел го решија прашањето на победникот во Марибор. Уште во 4. минута Фирмино го отвори резултатот, а само девет минути подоцна Кутињо зголеми на 2:0. Во 19. минута Кутињо беше асистент, а Салах зголеми на 3:0. На пет минути до крајот на полувремето Египќанецот погоди за 4:0 и со тој резултат се замина на одмор.

По само десет минути во второто полувреме Фирмино го постигна и петтиот гол за Ливерпул. На последните два гола се чекаше до самиот финиш на натпреварот. Алекс Окслејд Чемберлејн погоди во 86. минута за водство од 6:0, а конечниот резултат го постави Трент Александре Арнолд.

Неочекувано висока победа оствари тимот на Спартак Москва кој на домашен терен ја растури Севилја со 5:1. Во првиот дел се играше изедначен фудбал, а на полувреме се замина со 1:1. Квинси Промес во 18. минута го отвори резултатот во корист на домаќините, а Кјаер изедначи по половина час игра.

Во второто полувреме Спартак буквално ја разби Севилја преку головите на Мелгарехо, Глушаков, Адриано и Промес.

Табела Група Е:

Ливерпул 5 бода

Спартак Москва 5

Севилја 4 бода

Марибор 1