Диавара со првенецот за Наполи сруши рекорд на Манчестер Сити (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот 20 годишен играч на Наполи, Амаду Диара на синоќешниот натпревар против Манчестер Сити го постигна својот деби гол за новиот клуб.

Диавара ова лето се пресели во Наполи од редовите на Болоња, а по првите девет воведни кола во сите конкуренции се уште беше без погодок во новиот дрес.

„Морав да го изведам тој пенал, за да го разбијам проклетството. Сепак, не можам да бидам среќен за голот затоа што сум лут дека им подаривме победа во првите 30 минути од натпреварот“- коментираше младиот Диавара веднаш по натпреварот со Манчестер Сити.

Диавара ќе влезе во историјата, не затоа што го постигна првенецот за Наполи, туку затоа што ја прекина неверојатната низа на Манчестер Сити.

Вклучувајќи го и Едерсон кој синоќа најпрво одбрани удар од белата точка на Лоренцо Инсиње во првиот дел, голманите на Манчестер Сити шест пати во Лигата на шампионите во низа успеваа да останат несовладани од белата точка.

Серијата ја започна Џо Харт пред две години кога одбрани пенал на Лионел Меси. Следната сезона Харт го запре Рафаел од Борусија Дортмунд. Потоа истиот голман му одбрани пенал на Златан Ибрахимовиќ и беше еден од најзаслужните што Манчестер сити се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Вили Кабаљеро минатата сезона му одбрани пенал на Нјмар, но тоа беше мала утеха за „Граѓаните“ кои беа потопени со 4:0 од Барселона. Кабаљеро успеа да му одбрани пенал и на Радамел Фалкао во 1/8 финалето во победата над Монако со 5:3.

Бразилскиот голман Едерсон синоќа го одбрани шестиот пенал по ред, а потоа Диавара го реализира вториот пенал досуден за Наполи и така конечно ја прекина неверојатната серија на голманите на Манчестер Сити.