Конте не е задоволен од Батсуаи, неговата замена ја најде во Црвена Звезда?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Англија, менаџерот на Челси, Антонио Конте воопшто не е задоволен од настапите на младиот белгиски репрезентативец, Мичи Батсуаи.

Според „Индепендент“ Конте составил листа од тројца потенцијални напаѓачи кои во јануари би пристигнале на „Стемфорд Бриџ“.

Кристијан Бентеке е прва опција, но многу е веројатно дека ваквиот трансфер нема да се реализира со оглед на фактот што Кристал Палас ќе бара над 30 милиони фунти за неговиот потпис. Ако се земе во предвид формата која ја има Бентеке, овие пари се многу за таков играч.

Втор на листата желби е играчот на Лестер, Џејми Варди. Англичанецот би бил пореална опција од Бентеке, но се очекува да се назначи нов предводник на „Лисиците“ и да се види улогата која ја има Варди под негово водство. Доколку се тргне според планот, тешко дека Лестер би се ослободил од својот најдобар играч на средината на сезоната.

Трета и најреална опција е напаѓачот на Црвена Звезда, Ричмонд Боачи кој игра во извонредна форма. Боачи дефинитивно е најдобар фудбалер на тимот од Белград и многу е веројатно дека ќе го напушти клубот уште во јануарскиот преоден рок.