Сигурни победи на ПСЖ и Баерн Минхен!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ПСЖ и после три натпревари останува без примен погодок, а со постигнато 12.

Вечерва падна и Андарлехт со 0:4. Мбапе стрелаше уште во 4тата минута за водство, а во финишот на првиот дел погоди Кавани по асистенција на Мбапе. Во вториот дел стрелаше Нејмар во 66тата, а потоа и Ди Марија кој влезе од клупата и во 88 ја донесе победата од 4:0 на ПСЖ, трета по ред во групата Б.

Баерн Минхен сигурен против Селтик со 3:0. Милер го донесе Баерн во водство во 17тата минута, а потоа во 29тата и Кимиш стрелаше за 2:0. Конечните 3:0 ги донесе Хумелс во 51вата.

Табелата е следна:

ПСЖ со 9

Баерн со 6

Селтик со 3

Андарлехт со 0 поени.