Атлетико не славеше во Азејберџан, голејада во Лондон!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Карабак денеска позитивно го изненади Атлетико Мадрид кои не успејаа да постигнат гол на теренот во Баку и извадија реми од 0:0.

Во Лондон се играше феноменален натпревар помеѓу Челси и Рома, едни две навистина добри екипи.

Челси во првото полувреме поведе и тоа со 2:0 со головите на Луиз во 11тата и Азар во 37ма минута, но пред крајот на полувремето Коларов намали на 2:1

Но италијанците не умираат и не се откажуваат до последниот свиреж. 64та минута, Един Џеко израмнува, а веќе после 6 минути повторно Един Џеко веќе прославува погодок за водство на Рома од 2:3 и пресврт, неверојатен пресврт.

Но во 75тата Педро му асистираше на Азар кој пак ја погоди мрежата и изедначи на 3:3 што беше и конечен резултат но натпреварите на фудбалот уживаа во овој натпревар.

На табелата Челси е прв со 7 бодови, Рома веднаш позади нив со 5, па следува Атлетико Мадрид со 2 и Карабк на дното со 1 бод.