Гестот на Лукаку кон голманот на Бенфика го воодушеви светот (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед синоќа славеше на гостувањето кај Бенфика со резултат од 1:0, во рамките на третото коло од Лигата на Шампионите.

Оваа средба до крајот на својот живот ќе ја памети младиот голман на Бенфика, Миле Свилар.

Тој пред 2 месеци наполни 18 години и со своето деби стана најмлад дебитант во историјата на најелтиното клупско наптреварување во Европа.

Синоќа имаше неколку сјајни интервенции, но на негова жалост направи и една голема грешка, при што екипата од Манчестер поведе со 1:0.

По завршувањето на натпреварот поддршка му даде напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Лукаку.

Тој после средбата разговараше со голманот и му порача да не се грижи поради своите грешки и го мотивираше за наредните натпревари.

Погледнете го разговорот во видеото подолу.