Бомба од Италија: Големо тренерско име ја презема Хрватска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вистински бомбастични вести стигнуваат од Италија. Реномираниот спортски весник „Газета дело Спорт“ јавува дека во тек се преговори помеѓу Хрватската фудбалска федерација (ХНС) и еден од најтрофејните тренери на сите времиња, Карло Анчелоти.

Имено, според истиот извор на Анчелоти би му била понуден еднократен ангажман на клупата на Хрватска што значи дека Италијанецот би ги водел „коцкестите“ само на Светското првенство во Русија доколку успеат да го поминат бараж двомечот со Грција.

Во моментов вршител на должноста е Златко Далиќ на кого му е ветено дека ќе ја преземе репрезентацијата доколку успее да ја помине Грција. Што ќе се случи и кој ќе биде наследник на Анте Чачиќ останува да видиме во следниот период.