Ја однесе Србија на Мундијалот, но го чека отказ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како гром од ведро небо дојде веста дека Славољуб Муслин би можел да добие отказ од местото селектор на репрезентацијата на Србија.

Ако се верува на српскиот „Телеграф“ голем удар подготвува Фудбалскиот сојуз на Србија. Имено, според весникот челниците на ФСС подготвуваат отказ за Муслин, човекот кој ја однесе Србија на Мундијалот во Русија.

Причината за ваквата одлука се лошите игри на „Орлите“ во последните два натпревари, пред се поразот од вториот тим на Австрија, но и мачењето против слабата Грузија во натпреварот кој значеше се за Србите. Исто така челниците на Србија сметале дека со овој систем на игра не може да се парира на ривалите кои ќе бидат многу поквалитетни од оние во квалификациите. Друга причина е и проблемот кој Муслин го има со можеби во моментов најдобриот млад играч на Србија, Сергеј Милинковиќ Савиќ. Милинковиќ Савиќ го посакува половина Европа, но Муслин одбива да му даде повик во репрезентацијата.

Во Србија се појави информација дека можен наследник на Муслин на клупата е Драган Стојковиќ Пикси. Доколку се остварат ваквите најави можно е да го видиме и нашиот Бошко Ѓуровски како асистент на Пикси на Мундијалот во Русија.