Јаневски: Им се извинувам на навивачите за поразот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Вардар по катастрофалниот пораз од Реал Сосиедад во рамките од групната фаза од Лигата на Европа им се извини на навивачите посочувајќи ја целата вина кон себе.

Вардарци со 6:0 беа торпедирани од клубот од Баскија и по три кола остануваат единствениот клуб во групата со 0 бодови.

„Ова е тежок пораз за нас како клуб, за играчите и за мене. Наидовме на многу подобар противник вечерва и после првата грешка бевме казнети и имавме негатива. После тоа можевме да израмниме, и да постигнеме гол кој што ќе ги сменеше работите на теренот, да добиеме еден поинаков натпревар. Тоа не се случи, а нашиот противник даде и втор гол. После два гола, тешко е да се вратиш со екипа која што секоја недела има вакви натпревари во своето првенство. Тоа се виде и на овој натпревар. Штета што денеска на мечот не покажавме многу повеќе. Јас се извинувам на публиката за овој голем пораз. Тоа е моја грешка бидејќи јас го водам тимот и јас ги одбирам фудбалерите. Не се играчите виновни, јас сум виновен бидејќи згрешив во некои работи. Жал ми е за навивачите, затоа што дојдоа во поголем број, навиваа од срце целиот натпревар“-изјави Јаневски после натпреварот.