Бака: Играв за најлошиот Милан во историјата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Колумбискиот напаѓач Карлос Бака кој во моментов настапува во редовите на Виљареал како позајмен фудбалер од Милан упати силни критики до неговиот клуб.

Бака две сезони го носеше дресот на „Росонерите“, а Милан во тие сезони заврши на седмата и шестата позиција во Серија А. Ова лето поранешниот напаѓач на Севиља се врати во Шпанија потпишувајќи за тимот на Виљареал.

„Годините во Милан од лична перспектива беа задоволителни за мене на професионално ниво, ги постигнав целите кои си ги зададов. Ќе беше подобро, секако, но ни требаше помош од лидери. Играв во најлошиот Милан во историјата“- коментираше Бака за „В Радио Колумбија“.