Четворица фудбалери на Манчестер Јунајтед добиваат нови договори

October 20th, 2017 | by Pavel Kotaleski
Четворица фудбалери на Манчестер Јунајтед добиваат нови договори
Англија
0

Од таборот на Манчестер Јунајтед ќе наградат четворица свои фудбалери со нови договори.

Станува збор за Хуан Мата, Андер Ерера, Маруан Фелаини и Фил Џонс кои играат одлично на стартот на сезоната.

Договорите на Мата, Ерера и Фелаини истекуваат следното лето, додека договорот на Фил Џонс е со важност до 2019 година. Се очекува во следните денови сите четворица да се обврзат на нова повеќегодишна соработка со Манчестер Јунајтед.

Инаку, денес младиот Скот Мектомини потпиша нов договор кој ќе го задржи на „Олд Трафорд“ до 2021 година.

Comments are closed.