Леверкузен го „здроби“ Мехенгладбах, нов кикс на Борусија Дортмунд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баер Леверкузен го растури тимот на Мехенгладбах за само едно полувреме. Борусија Мехенгладбах на полувремето имаше предност од 1:0 со намера истата да ја задржат до самиот крај. Сепак, во второто полувреме како да излезе сосема поразличен тим. Гостите од Леверкузен со головите на Бендер, Брандт, Бејли, Воланд и Похјанпало целосно го сменија текот на играта и ги однесоа трите бода во Леверкузен.

Во Франкфурт, Борусија Дортмунд се до 64. минута имаше два гола предност против Ајнтрах по головите на Сахин и Филип, но повторно ги скапо ги чинеше непромисленоста на голманот Бурки. Чуварот на мрежата направи пенал по кој Халер го намали резултатот, а Волф по одличното додавање на Гачиновиќ го постави конечниот резултат, 2:2.

Резултати:

Мехенгладбах- Б. Леверкузен 1:5

Франкфурт- Дортмунд 2:2

Аугзбург- Хановер 1:2

Лајпциг- Штутгарт 1:0