Баерн тешко против Хамбург


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Баерн стигнаа до важна победа по двете реми средби во Бундеслигата. Избраниците на Јуп Хејнкес со минимални 1:0 славеа на гостувањето кај Хамбург.

Единствениот погодок на натпреварот го постигна Корентин Толисо во 52. минута од натпреварот.

Со оваа победа Баварците стигнаа до 20 бода оваа сезона и со тоа го искористи киксот на Борусија Дортмунд која претходно одигра нерешено против Ајнтрахт Франкфурт.

Водечките две екипи Борусија Дортмунд и Баерн Минхен сега се изедначени на табелата во Бундеслигата.