Фантастичен гол на Буфал за победа на Саутемптон (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Саутемптон го победија Вест Бромвич Албион со 1:0 во последниот саботен натпревар од 9. коло во Премиер Лигата.

На стадионот „Сент Мери“ одлучи голот на Софијан Буфал кој во 85. минута по спектакуларен продор го совлада Фостер и донесе вредна победа за својот тим.

Буфал ја прифати топката на 40 метри од својот гол тргна кон противничката одбрана, нанижа неколку фудбалери и одлично шутираше во долниот десен агол.