Барселона славеше против Малага


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каталонците ја совладаа Малага со 2:0, со тоа што првиот погодок не смееше да биде признаен со оглед на фактот што топката ја помина гол-аут линијата.

Трите бодови ќе останат во сенка на превидот на судијата во 2. минута кога Џерард Делуфеу ја доведе Барселона во водство. Непосредно пред погодокот,кога центрираше Диње, топката со цел обем ја помина гол-аут линијата, па голот не требаше да биде признаен. Победата Каталонците ја заверија во 56. минута кога топката во голот на Малага ја смести Иниеста.

Валенсија продолжува со одличните резултати и е веднаш зад Барселона. На свој терен „Лилјаците“ лесно и убедливо славеа против Севилја. Два гола за домашниот тим постигна Гуедеш, додека по еднаш во листата на стрелците се запишаа Симоне Заза и Санти Мина.

Резултати:

Леванте- Гетафе 1:1

Бетис- Алавес 2:0

Валенсија- Севилја 4:0

Барселона- Малага 2:0