Тешка повреда за Теодосиќ (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во синоќешната средба помеѓу Лос Анџелес Клиперс и Феникс Санс настрада српскиот репрезентативец Милош Теодосиќ.

Клиперси лесно и убедливо славеа на овој натпревар со 130:88, но нивната победа остана во сенка на повредата на српскиот плејмејкер кој го повреди глуждот на левата нога.

Теодосиќ се повреди во втората четвртина кога при еден доскок падна на стапалото на Девин Букер. Тежината на повредата ќе биде позната по деталните прегледи на магнетна резонанца.