Нов кикс за Милан, Рома славеше во Торино


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рома со прекрасниот гол на Александар Коларов во 69. минута ги однесе сите бодови од гостувањето во Торино.

Коларов погодокот го постигна од слободен удар со што му донесе многу важна победа на Рома на тешкото гостување кај Торино.

Милан пред своите навивачи одигра без голови против тимот на Џенова. Домаќините уште во 25. минута останаа со играч помалку откако Бонучи со лактот го закачи противничкиот фудбалер по што доби директен црвен картон. Ова за Милан е четврти натпревар по ред без победа, а се понеизвесна е судбината на Монтела на клупата на „Росонерите“.  Горан Пандев натпреварот го гледаше од клупата за резервни фудбалери.

Резултати:

Милан- Џенова 0:0

Аталанта- Болоња 1:0

Бенвенто- Фиорентина 0:3

Спал- Сасуоло 0:1

Торино- Рома 0:1