Станковски: Со трпение и напорна работа ќе се вратиме на победничките патеки


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Работнички, Горан Станковски беше презадоволен по првата победа на тимот откако тој е на клупата.

„Романтичарите“ со 2:0 славеа против Пелистер во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига и по подолг период успеаја да запишат три бода.

„На натпреварот против Пелистер навистина одигравме на едно високо ниво, одговорно и дисциплинирано во секој дел од играта и низ текот на сите 90 минути. Тоа најмногу ме радува, секако и со значителните подобрување во офанзивата. Заслужено стигнавме до триумфот, за што искрено им честитам на фудбалерите. Не може а да не го потенцирам максималниот труд кој фудбалерите го даваат на тренинзите. Со еден таков пристап, со трпение и напорна работа, сигурен сум дека ќе се вратиме на победничките патеки“ – истакна Горан Станковски.

Работнички веќе во следното коло го пречекува дерби пресметката против Вардар.