Интер не планира да го продаде Икарди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на Интер немаат намера да го продадат нивниот капитен Мауро Икарди.

24 годишниот фудбалер има постигнато 71 погодок за Интер од сезоната 2014/15, а неговите фантастични игри во дресот на нероазурите го привлекоа вниманието на големите клубови од Европа.

Интер одлично ја стартуваше сезоната во Серија А и во моментов е на втората позиција веднаш зад Наполи. Спортскиот директор на Интер Аусилио истакна дека тие планираат да го задржат нивниот капитен уште многу години во тимот.

„Нема преговори со Наполи. Многу клубови го сакаат Маруо, но ние веќе започнавме преговори за продолжување на договорот со Икарди. Немаме намера да го продадеме Икарди затоа што тој нема намера да го напушти Интер“- коментираше Аусилио.