Кои се потенцијални замени за Куман во Евертон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По отказот на Роналд Куман од Евертон веднаш проструија првите имиња кои се главни кандидати за клупата на „Карамелите“.

Холнаѓанецот беше ослободен од обврските по 16 месеци поминати на „Гудисон Парк“. Чашата ја прелеа катастрофалниот пораз од Арсенал викендов.

Евертон играше слабо од стартот на сезоната и покрај фактот што потрошија 150 милиони фунти за засилувања.

Најсериозен кандидат за наследник на Куман е актуелниот тренер на Барнли, Шон Дајч. За него постои интерес и од Лестер кој исто така во моментов е без тренер.

Во фудбалската јавност во Англија се шпекулира и со името на Сем Алрдајс. Актуелниот вршител на должноста тренер во Евертон, Дејвид Ансворт исто така е меѓу кандидатите за наследник на Куман.

Интересно е што и Дејвид Мојс, човекот кој 10 години со успех ги водеше „Карамелите“ се споменува како решение за клупата на Евертон. Сепак по неговата разделба со клубот и преминувањето во Манчестер Јунајтед, Мојс стана непријател број еден на навивачите на тимот од „Гудисон Парк“.

Рајан Гигс пак во денешното интервју за Скај Спортс истакна дека не би имал ништо против да биде предводник на Евертон затоа што клубот го има истиот менталитет како што го има Велшанецот.