ФИФА го истражува трансферот на Пол Погба!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Андреа Ањели потврди дека ФИФА го истражува трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед.

Погба летото 2016 одлучи да го напушти Јувентус и да се врати во Манчестер Јунајтед за рекордни 105 милиони евра, но има нешто сомнително од излегувањето на информацијата дека агентот Мино Раиола земал 48 милиони евра од овој трансфер.

Првобитно беше пријавено дека Раиола тие пари ги зел од Јувентус а доколку беше така Јувентус ќе беше веќе жестоко казнет, Раиола од Јувентус зел само 28 милиони евра, а остатокот од Погба и Јунајтед.

„Вистина е дека ФИФА веќе го истражува случајот со трансферот на Пол Погба“ – потврдија од Јувентус.