Тодоров: Против Вардар да ја повториме играта од Пелистер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Работнички конечно по пауза од четири кола забележа победа против битолски Пелистер во минатото коло од Првата македонска фудбалска лига.

Веќе утре, „Романтичарите“ ќе го одиграат дерби дуелот со Вардар во рамките од 12. коло од ПМФЛ.

Младиот и талентиран фудбалер на Работнички, Миле Тодоров кој игра се подобро во црвениот дрес се надева дека неговото деби во градското дерби ќе заврши со среќен крај за клубот.

„Можам да кажам дека победата над Пелистер ни дојде во вистинско време. За да ја вратиме самодовербата и да се мотивираме уште подобро пред дуелот со Вардар. Се надевам дека ќе продолжиме со уште подобри изданија во наредниот период, и против Вардар ќе ја повториме играта од неделниот меч со Пелистер. Во таков случај, верувам дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат и против шампионот. За мене тоа ќе биде прво дерби со „црвено-црните“ во сениорска конкуренција, се надевам дека ќе има и среќен епилог“- истакна Тодоров.