Сопственикот на Реал поради Модриќ и Бејл прима бизарни пораки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез гостувајќи во емисија на Радио Кадена открил еднха посебна занимливост.

Кралскиот клуб во последните неколку години владее со Европа, во последните четири сезони се освоени три трофеи во Лигата на Шампионите, а после секој голем успех на претседателот на Реал му пристигнува честитк и потсетник од првиот човек на Тотенхем Даниел Леви.

Во секоја порака ексцентричниот сопственик на Тотенхем го потсетува Перез дека во успехот на Реал има замешано и тој прсти.

„Секој пат кога ќе ја освоиме Лигата на Шампионите, Даниел Лев ми ја праќа истата порака. Честитки што ја освои Лигата на Шампионите со моите играчи “, открил Перез.

Да потсетиме, Тотенхем во минатото за големи пари ги продаде и Герет Бејл и Лука Модриќ. а се чини дека сопственикот на Тотенхем сеуште не може да ги преболи.