Животот дефинитивно не е фер спрема Касиљас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кој ќе претпоставеше пред три или четири години дека денес легендардниот Икер Касиљас ќе гледаме како ја грее клупата на Порто.

Икер пред три или четири години беше прв голман на Реал Мадрид и еден од најдобрите во светот, но потоа се тргна на лошо.

Најпрвин тогашниот тренер на Реал, Мурињо го пресели на клупата на еден меч во Ла Лига, а потоа тој доживеа и тешка повреда.

И на почетокот на наредната сезона Карло Анчелот одлучи дека Икер нема да биде број еден голман, барем не во Ла Лига, а во летото 2015 година тој се пресели во Порто.

Во текот на летово што помина многу се шпекулираше дека Икер ќе го напушти Порто, па дека дури ќе отиде и во ПСЖ, но ништо од тоа не се случи.

Веројатно и тој се покаја затоа што тренерот на Порто, Серџо Консеисао го пресели на клупата за резерви.

Шпанските медиуми тврдат, дека во Јануари, Порто ќе го продаде овој голман, бидеќи веќе не им бил потребен во својата екипа. Дали ова ќе се случи останува да видиме.