Големиот Буфон најави пензија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, Џанлуиџи Буфон истакна дека ќе се пензионира по крајот на сезоната доколку Јувентус не ја освои Лигата на шампионите.

39 годишниот фудбалер планира да ги закачи ракавиците на клин веднаш по завршувањето на Светското Првенство кое ќе се одигра во Русија. Италија се уште нема обезбедено пласман на Мундијалот, но е голем фаворит во пресметката со репрезентацијата на Шведска.

Сепак, доколку Јувентус ја освои титулата во Лигата на шампионите, Буфон би останал уште една сезона во дресот на клубот од Торино се со цел да се обиде да освои уште едно признание кое го нема во својата колекција, клупски светски шампион.