Пеп го најде виновникот за лошата игра против Вулверхемптон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола не беше задоволен со изданието на својот тим против Вулверхемптон. Манчестер Сити по 120 минути одигра само 0:0 против тимот кој се натпреварува во Чемпионшип лигата.

Манчестер Сити играше речиси во најсилниот состав но и покрај тоа не успеа да ја затресе мрежата на противникот. Згора на тоа, Браво спасуваше сигурна победа на Вулверхемптон кога во последните моменти од натпреварот одбрани зицер.

Гвардиола ја најде причината за лошата игра, а тоа овој пат не беше некој фудбалер или лошиот терен.

„Оваа топка не е прифатлива за големи натпреварувања. Прелесна е. Топката не е добра, не е можно да постигнеш гол со неа. Тоа го велам откако победивме, доколку изгубевме немаше да кажам ништо, нема да барав изговор во тоа. Сите мои играчи ми го потврдија истото“- коментираше Гвардиола.