Спасојевиќ го менува Џенсен во МЗТ


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Црногорскиот кошаркар Радослав Спасојевиќ е нов играч на МЗТ Скопје откако денес стави потпис на договор со важност до крајот на сезоната.

25 годишниот Спасојевиќ игра на позицијата крило и во редовите на МЗТ доаѓа како замена за Џенсен кој не ги оправда очекувањата на стручниот штаб и доби предвремен раскин на договорот.

Црногорецот минатата сезона настапуваше за српскиот тим Мега, каде на 19 натпревари имаше просек од 9,9 поени и 3,5 скокови по натпревар.