Реал сака да го задржи Бејл


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на Реал Мадрид сакаат да го задржат Герет Бејл на „Сантијаго Бернабе“ .

Како што наведува шпанскиот фудбалски експерт, Гилием Балагуе, Флорентино Перез инсистирал Герет Бејл да остане во тимот и тоа му го кажал и на самиот фудбалер.

Од таборот на „Кралевите“ немаат дадено ултиматум до Велшанецот за негово комплетно опоравување, како што се пишуваше во некои медиуми. Шпанските весници пренесоа дека челниците на Реал Мадрид го притиснале Бејл што побрзо да се врати на терените.