Гвардиола пазари во Торино


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Сити прикажуваат одлични игри оваа година. Избраниците на Гвардиола во моментов се на врвот во Премиер Лигата со пет бодови предност пред Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

И покрај одличната игра, Гвардиола смета дека на неговиот тим му е потребно уште едно засилување во средината на теренот. Шпанскиот стратег уште во јануари планира во своите редови да го донесе играчот на Јувентус, Миралем Пјаниќ.

„Граѓаните“ за услугите на босанскиот репрезентативец ќе понудат 60 милиони евра, сума која е тешка за одбивање.

Гвардиола се обиде да го донесе Пјаниќ во Барселона уште во 2014 година, а подоцна додека беше тренер на Баерн во два наврати преговараше за Босанецот, но и овој пат без успех. Ќе видиме дали овој пат ќе му успее планот за ангажман на Миралем Пјаниќ.