ПСЖ лесно против Ница


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во првиот натпревар од 11. коло од францускиот шампионат екипата на ПСЖ со убедливи 3:0 славеше против Ница.

Францускиот гигант и без Нејмар кој одработува суспензија поради црвениот картон на претходниот натпревар лесно и без проблеми ја совлада Ница.

Првите два гола во третата и 31. минута беа дело на Кавани, а во двата наврати асистент беше Анхел Ди Марија. Трите бода беа обезбедени во 52. минута кога по шутот на Дани Алвес топката во својата мрежа ја смести Данте.