Манчестер Јунајтед со голема победа против Тотенхем


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед славеше победа во дербито на 10. коло од Премиер Лигата против Тотенхем на „Олд Трафорд“.

„Црвените Ѓаволи“ со минимални 1:0 славеа на овој натпревар, а стрелец на единствениот погодок беше Ентони Марсијал. Со оваа победа избраниците на Мурињо остануваат на втората позиција на табелата со 23 бода, два помалку од водечкиот Манчестер Сити кој има еден натпревар помалку.

Ова беше 37 натпревар по ред Манчестер Јунајтед да остане непоразен на својот стадион.

Во првиот дел се играше израмнет фудбал, без многу конкретни шанси. Во второто полувреме Манчестер Јунајтед беше подобриот тим на теренот, а единствениот погодок падна во 81. минута од натпреварот.